Министерството за земјоделство распиша оглас за издавање под закуп на 1.400 хектари обработливо државно земјиште во општините Велес, Чашка и Градско. Огласот е распишан на почетокот на месецот, а заинтересираните имаат 20 дена рок да аплицираат. Под закуп се нудат околу 300 парцели. Според условите, земјоделското земјиште може да се користи во период од 15 до 50 години, во зависност од намената. За едногодишните градинарски и житни култури, обработливото земјиште ќе се издава на 15 години. Доколку некој планира да гради рибник, површината ќе може да ја користи 20 години. Заинтересираните кои сакаат да подигнат лозје или овоштарник, со земјата ќе располагаат 30 години. Исто толку време ќе добијат и оние што предвидуваат спортско-рекреативни активности или развој на рурален туризам. Најдолго, или 50 години ќе може да се користи земјиштето доколку на него се подигне плантажа со маслинки.
Министерството за земјоделство распиша оглас за издавање под закуп на 1.400 хектари обработливо државно земјиште во општините Велес, Чашка и Градско.
Огласот е распишан на почетокот на месецот, а заинтересираните имаат 20 дена рок да аплицираат. Под закуп се нудат околу 300 парцели.
Според условите, земјоделското земјиште може да се користи во период од 15 до 50 години, во зависност од намената. За едногодишните градинарски и житни култури, обработливото земјиште ќе се издава на 15 години. Доколку некој планира да гради рибник, површината ќе може да ја користи 20 години. Заинтересираните кои сакаат да подигнат лозје или овоштарник, со земјата ќе располагаат 30 години. Исто толку време ќе добијат и оние што предвидуваат спортско-рекреативни активности или развој на рурален туризам. Најдолго, или 50 години ќе може да се користи земјиштето доколку на него се подигне плантажа со маслинки.
Висината на наемнината, која ќе треба да се плати за користење на земјата, ќе зависи од нејзината намена. Најниската која може да ја понуди е 25 евра по хектар за една година. Секој има право да учествува на огласот за доделување државна земја. Кој ќе ја добие ќе се знае на 21 јуни. Тогаш во Министерството за земјоделие ќе се отвораат понудите. Најголеми површини на плодно државно земјиште се нудат во реонот на општина Градско во околината на селата Ногаевци, Убого и Уланци и покрај реката Вардар и долниот тек на Брегалница. Досега под наем во овие три општини се дадени над 12.000 хектари.